Контекст
Репозиционирање на планирање на семејството за да се намалат неисполнетите потреби за модерна контрацепција и подржување на репродуктивните права на паровите и поединците се многу важни сегменти во работата на UNFPA во регинот на источна Европа и централна Азија.
ВиК настојува да ги поддржи земјите да направат стратегија за планирање на семејството преку пакети за интерактивно учење за планирање на семејството кои се во согласност со препораките од 2012 UNFPA EECARO и IPPF-EN состанокот преку “обучување на провајдерите (преку додипломска и постдипломска едукација, на пример преку употреба на модерна технологија како што се модулите за учење на далечина )”.
Преглед
ВиК е направен да овозможи учење на далечина што се совпаѓа со традиционалните курсеви за планирање на семејството и овозможува флексибилност и можност за онлајн учење.
ВиК користи технички информации базирани на докази од прирачниците на СЗО: А Global Nahbook for Providers, WHO Medical Eligibility Criteria for Contraceptive Use and Selected Practice recommendations for Contraceptive Use), the Training Resource Package for Family Planning (TRP) направени од страна на USAID, WHO и UNFPA, како и други извори на податоци базирани на докази.
Целна популација
ВиК е направен за провајдери на планирање на семејство (лекари од примарна здравствена заштита, гинеколози и акушери). Исто така може да биде употребувана и за едукација на специјализанти и студенти на медицина.
Јазици
ВиК е направен на англиски јазик и потоа е преведен на други јазици во соработка со клучни институции и експерти за планирање на семејството во источна Европа и централна Азија.
Технички спецификации
ВиК курсевите се направени да функционираат во сите модерни веб браузери. За да се пристапи кон ВиК курсевите онлајн потребно е :
Систем, Компјутер кој подржува еден од следниве системи:
Интернет конекција
Браузер. Две последни верзии на некој од следниве браузери со Java Script
Приклучоци
Помогнете ни да ја подобриме ВиК платформата со совети за содржината, преводот или дизајнот. Ве молиме испратете ги вашите совети на vic.improvement@eeirh.org